„Матица македонска“ вечер ќе го промовира романот „Абафи“ на унгарскиот писател Миклош Јошика. Издавачот и Унгарската амбасада во Скопје со промоцијата ќе го одбележат националниот празник на Унгарија.
Книгата ја преведоа Велика Ширилова и Паскал Гилевски. Изданието ќе го претстави писателот Раде Силјан, а најавено е и обраќање на амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс.
Извадоци од романот на унгарски и македонски јазик ќе читаат членови на Здружението на унгарците „Теледом“ од Скопје.
Промоцијата ќе се одржи од 20 часот во книжарницата на „Матица македонска“ на бул. Климент Охридски“.