Во чест на долгогодишниот член на групата „Распеани Валандовчани“ Леонид Манчев, кој почина минатата година,се одржа меморијалниот концерт ,,Пееме за Леонид“ на кој покрај распеаните валандовчани со сопствен репертоар настапија и неколку пензионирани членови на групата.
Концертот посветен на Леонид Манчев мина со многу музика и силни емоции затоа што, као што истакна во своето кусо обраќање членот на групата, Зоки Стојчев, Манчев бил пример и инспирација за младите културни работници, основоположник на „Фолк Фест“ и еден од најистакнатите културни работници во историјата на Општина Валандово и креатор на безброј вредности од областа на музиката.
Како знак на благодарност за придонесот во работата и подршката на групата, плакетата „Леонида“ им беше врачена на градоначалникот Перо Костадинов, на долгогодишни членови на групата и постхумно на Леонид Манчев.
Валандовскиот градоначалник Перо Костадинов, најави дека Домот на културата во Валандово ќе го носи името на Леонид Манчев.