Изнаоѓање на оптимално решение во согласност со бизнис заедницата – ова ќе се правело во следните 36 месеци за колку што е одложена имплементацијата на прогресивниот данок, рече верчва министерката за финансии Нина Ангеловска во емисијата „Што не е јасно?“.
-Прогресивниот данок се одложува за во следните 36 месеци да се донесе во еден оптимален дизајн и едно нешто што ќе биде во центарот на дебатата, а не домаќинствата. Многу е важно да се знае дали се создадени сите предуслови за една ваква даночна реформа. Значи размислуваме и за земање предвид на домаќинствата и за сите даночки стапки , различна прогресија, согледување во една квалитетна дебата и вклучување на сите засегнати страни за кога ќе биде донесено да биде навистина во консултација со сите страни, вели Ангеловска.
Според неа неопходно е да се врати прво довербата во институциите а потоа да настапи прогресивниот данок.
-Прогресивното одданочување може да ја спречи нееднаквоста, но за тоа да се спроведе мора да постои зајакнување на домашниот морал, да ја вратиме довербата во институциите на системот кое е тргнато на добар пат за кога ќе стапи на сила сите да го прифатат и да сакаат да си ги платат даноците, вели Ангеловска.