В среда и четврток, Општината Бутел и Здружението на уметници ракотворци „АРТИ КРАФТ’’ ќе го организираат третиот по ред “Есенски базар“ со почеток во 11 часот. Во рамките на оваа културна манифестација која ќе се одржи пред општинската зградата низ домашните ракотворби изработени од над 25 ракотворци ќе бидат афирмирани традицијата и обичаите како на нашата земја, така и на земјите од регионот (Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Турција).