Во Занаетчискиот дом во Куманово вечер ќе се одржат „Поткозјачки литературни средби 2019″.

Манифестацијата годинава е во рамки на одбележување 500 години од основањето на Куманово како дел од „Ноемвриски денови”, во чест на 11 Ноември – Денот на ослободувањето.

На манифестацијата, како што соопштуваат организаторите, свои литературни дела ќе читаат Кристина Николова, Христо Петрески, Ирена Белешковска, Оливера Доцевска , Емилија Колевска, Ана Љубиќ , Марина Мијаковска, Ленче Милошeвска, Давче Насевски , Елена Пренџова, Мито Спасовски, Снежана Стојчевска, Стојан Тарапуза, Љерка Тот Наумова, а со гитара ќе настапи Дарко Трајковски.

Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, во организација на „Јустиција” – Куманово и „ЦККС” – Скопје, а во соработка со ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово, Секторот за култура и спорт при Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт од Куманово.