Во Н.У. Дом на културата „Кочо Рацин” во Кичево синоќа публиката присуствуваше на првиот концерт во Кичево на новоформираната национална установа „Албански ансамбл на народни ора и песни во Република Македонија“.
Пред почетокот на концертот, новоназначениот директор на ансамблот Шкодран Толај , истакна дека формирањето на овој професионален ансамбл е само уште една потврда за грижата во негувањето на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна традиција на албанската заедница во Република Македонија.
Воедно тој го изрази своето уверување дека ансамблот и во иднина ќе биде достоен репрезент на албанскиот фолклор, традиција и култура не само во земјата туку и во светот.
Свое задоволство од првото гостување на овој ансабал во Кичево изрази и градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари, кој изрази надеж дека оваа културна установа, како што рече, достоинствено ќе ја престави културата на албанската заедница не само во нашата земја туку и пошироко.
Установата „Албански ансамбл на народни ора и песни во Р.С.Македонија” е формиран пред две години и од неодамна на чело на овој ансабал дојде познатиот тенор Шкодран Толај кој е кичевски зет, женет за познатата пеачка и професор во ДУТ, Бесијана Мехмети.