Во новиот, 40-ти број на литературно списание „Балкански књижени гласник“ деновиве е објавен најновиот драмски текст на Томислав Османли – „Враќање дома“.
Пиесата се однесува на траумите на наши современици од две генерации кои, како што вели писателот, ги живеат своите делби, сонот за богатство, носталгии, острастените политизации, социјални трауми, политички фрустрации, и во еден дел – реализираните желби за заминување од тука, од овој или од некој друг град, додека повеќето остануваат заглавени на истото место, во едно оттуѓено меѓувреме.
Списанието „Балкански књижевни гласник“ во Србија излегува петнаесет години и ја афирмира литературата и уметноста на автори од балканските простори. Објавува оригинални прозни, драмски, поетски есеистички творби, прикази и интервјуа.
Пиесата „Враќање дома“ на Османли пред неколку месеци беше објавена во неговата книга „Нови драми“ во издание на ВиГ „Зеница“ од Скопје.