Ликовна изложба со делата од деветтата ликовна колонија „Љубанци 2019“, вчера беше отворена во големата сала на Општина Бутел.
Како што соопштија од Општина Бутел, Поставката содржи 28 дела од 19 ликовни уметници кои учествуваа на последната ликова колонија, што веќе традиционално се одржува во живописното Љубанци, а се содржи од 25 слики, две скулптури во метал и една скулптура изработена во дрво.
На деветтата ликовна колонија учествуваа бројни домашни реномирани ликовни уметници како Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Харалампие Манчев, Оливер Настески, Гоце Божурсаки, Ели Чочова и други. Дел од колонијхата беа и уметниците Владан Ранѓеловиќ и Вукашин Станковиќ од Србија.
На изложбата беше промовиран и специјално подготвениот каталог за Деветтата ликовна колонија „Љубанци 2019“, во кој се презентирани уметниците и нивните дела.
На изложбата беа доделени и наградите за најдобрите четири детски цртежи насликани на „Детскиот ден“ во рамките на ликовната колонија, наведуваат од Општина Бутел.