Ентони Дејвис со дабл-дабл ефект – 46 поени и 13 скока беше најзаслужниот за победата на Лос Анџелес лејкерс над Њу Орлеанс со 123:113 на дуелот одигран рано утрово во „Стејплс центар“.
Резултати на натпреварите од НБА-лигата одиграни ноќеска:
Бостон – Атланта 109:106 Орландо – Мајами 105:85 Вашингтон – Портланд 103:122 Хјустон – Филаделфија 118:108 Феникс – Њујорк 120:112.
Лејкерс со биланс 28 победи и седум порази се најуспешна екипа во досегашниот дел од сезоната во Западната конференција, на Истокот лидер е Милвоки со скор 31-5.