Кошаркарот на Бостон селтикс, Кемба Вокер нема да го игра натпреварот против Филаделфија и ќе пропушти барем уште еден, објавија американските медиуми.

Вокер има повреда на левото колено која ќе го оддалечи од теренот најмалку три дена.

Бостон во два часот и 30 минути по полноќ е домаќин на Филаделфија.

Следниот натпревар на Селтикс ќе биде ноќта меѓу понеделник и вторник во Атланта.