Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, наскоро ќе почне да функционира драмско студио за деца и младинци, информираа денеска надлежните од установата. Оттаму додаваат дека со децата и младинците на возраст од 13 до 19 години ќе работи режисер.
– Видовме дека има голем интерес кај младите во Куманово за глума, да се развиваат креативно и решивме со режисерката од Куманово, Драгана Гунин да направиме група на деца, да формираме драмско студио во Центарот за култура и се надеваме дека ќе има пријавени за да може да профункционира. Планираме, понатаму тие деца кога ќе се обучат да станат добри актери, да направиме претстава, така што очекуваме ова да биде успешен и интересен проект и децата да можат да се изразат креативно, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.