Граѓанска акција за Македонија "Излези гласај" во контекст на предизборниот мониторинг, а во врска со смената на имињата на чаирските училишта и ветувањето на Владата за грантови од 70 милиони евра констатираше изборен поткуп и злоупотреба на државни ресурси.
Во врска со овие факти Граѓанската иницијатива "Излези Гласај" смета дека промената на имињата на две училишта во Чаир – „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“ во пресрет на изборите преставува одлука во насока на остварување изборни цели спротивно на одредбите на Изборниот законик и нарушување на изборниот амбиент. Воедно таквата одлука на Министерот за образование Арбер Адеми носи и опасност и од меѓуетнички тензии кои не се во насока на слободни и фер избори.
Во таа насока и ветувањето дадено од техничкиот премиер Оливер Спасовски за 70 милиони евра грантови за развој на општините, преставува нарушување демократскиот амбиент за фер и демократска изборна трка и може да се толкува како предизборен поткуп на гласачи. Се работи за ветување кое се однесува за периодот по изборите, и неговото промовирање пред избори може да се толкува како изборен поткуп на гласачи.
Оттука гласачите може да се доведат во заблуда и манпилативно да се делува врз нивната перцпеција. Воедно ова преставува и злоупотреба на државните институции во политичка и партиска кампања на политичките блокови пред самиот почеток на изборната трка. Практично со парите на граѓаните кои припаѓаат на државните институции се монополизира изборна кампања на партијата која владее со тие институции.
Граѓанската иницијатива "Излези Гласај" апелира да се воздржат партиите од злоупотреба на државните институции за партиски цели. Добрата со кој се располага во рамките на државните институции преставуваат ресурси кои им припаѓаат на сите граѓани.
Воедно активисти на граѓанската иницикатива Излези Гласај забележаа и повеќе злоупотреби на државни автомобили од технички министри за партиски настани. Апелираме државниот имот да не се користи во изборни и партиски цели.