Мечот меѓу Милано и Олимпијакос е поместен од Италија поради коронавирусот и ќе се одигра во Берлин, објави кошаркарската Евролига.

„Ќе ја задржиме регуларноста на првенството на максимално можно ниво и ќе се осигураме домаќините да обезбедат безбедни услови за сите учесници“, стои во соопштението на организацијата.

Евролигата најави дека на алтернативни локации ќе бидат преместени и мечевите на Милано против Асвел и против ЦСКА Москва, како и мечевите во Еврокупот меѓу Виртус Болоња и Монако.