Потребни се темелни реформи во македонското правосудство, нагласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во тројката, Игор Јанушев во емисијата „Топ тема“.

Јанушев истакна дека ветингот нема да биде само финансиски, ветингот ќе има и во однос донесени пресуди, воедначена судска пракса што ќе значи дека судија од Скопје и судија од Битола нема да може да носи различна пресуда за едно исто дело, како и забрана за бавење со политика на аболицирани политичари, политичари фатени во криминал.

Сите позитивни практики од европските, демократски држави ќе бидат имплементирани во македонското правосудство потенцираше Јанушев.

Ќе имаме независно судство после 12-ти април. Не само финансиски ветинг, не само ветинг на судиите туку и ветинг на обвинителите, како стекнале имот. Предложивме две многу значителни мерки од кои Николовски и Заев избегаа. Кој се огрешил пред законот ќе одговара, нема веќе аболирани луѓе кои учествувале во криминал да учествуваат во политиката. Ветинг и во однос донесени пресуди, воедначена судска пракса, не може еден судија во Скопје да носи сосема различна одлука од судија во Битола, Крива Паланка или во Штип затоа што Николовски вртел на телефон и кажувал „трас, трас“, Заев знае, Катица знае, појасни Јанушев.