Претседателот на Демократска Унија за Интеграција, г-динот Али Ахмети се сретна со Францускиот амбасадор во Скопје, г-динот Кристиан Тимоние.
Господинот Ахмети повторно ги истакна црвените линии на Демократската Унија за Интеграција: Охридскиот, Преспанскиот, договорот за добрососедство, заедно со vетингот, владеењето на правото и неселективната правда, континуираната и непречена интеграција, придружувани со создавање на работни места за сите, развој и младина.
Претседателот Ахмети го запозна амбасадорот Тимоние за длабоките кадровски, структурни и програмски реформи на ДУИ во овие избори, при што предложивме 49% жени и 98% нови кандидати на листите предложени за пратеници, докажани лица на професионален план и со полн интегритет. Г. Ахмети истакна дека новата методологија за преговорите за членство во ЕУ е патот за добивање на датум за почеток на преговорите со Европската Унија во месец март.
ДУИ е партнер на Франција и на меѓународната заедница, затоа и ние сме бескомпромисни за Преспанскиот, Охридскиот и договорот за добрососедство како и реформите за неселективната правда.