Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста за воведување вонредна состојба, шефот на државата Стево Пендаровски рече дека ситуацијата е уникатна и оти нема случај за време на прогласена пандемија да се организираат избори.

– Да споменам дека вчера бугарската Влада донесе одлука за прогласување вонредна состојба. Значи, ако некој мисли дека ако прогласиме вонредна состојба или кризна состојба на целата територија дека е тоа волшебно стапче со кое ќе се решат сите проблеми вклучително и овој со гласањето нема да се решат, рече Пендаровски.

Додаде дека го видел списокот на мерки кои бугарската држава предвидува да ги преземе во случај на вонредна состојба од тоа што ќе прави бугарската Армија до Министерството за здравство и како што рече „не гледам дека тоа може битно да ја измени ситуацијата во однос на тоа што ние го имаме“.

– Значи не би било решение, да заклучам, ако се воведе вонредна состојба од утре или криза на цела територија дека можеме да извлечеме избори со едно ниво на гласање, па и апстиненција од другата страна како што сме го имале а другите избори. Парламентарните избори кај нас традиционално историски се движат околу 60 проценти од одзивот, рече Пендаровски.