Здравјето на граѓаните е поважно од секоја политичка калкулација, соопшти Движењето Беса, наведувајќи дека тие како политички субјект се придружуваат на повикот за одлагање на изборите за некој друг посоодветен период.
Во соопштението на Движењето Беса се нагласува дека парламентарните избори треба треба да се одржат тогаш кога целосно ќе биде елиминирана опасноста од вирусот Ковид-19.
– Нашата најголема победа е обезбедување на здравјето на граѓаните. Апелираме до сите граѓани да се придржуваат кон препораките на здравствените институции и заеднички да помогнат во изолирање и целосно елиминирање на оваа пандемија, велат од Движењето Беса.