Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема - парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања - ИПИС.
Според резултатите од анкетата ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ, односно за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,1% од испитаниците додека за коалицијата СДСМ и БЕСА би гласале 21,5% од испитаниците.
За споредба на анкетата спроведена во јуни во 2019 година од страна на М-проспект, ВМРО-ДПМНЕ имал 1,9 процентни поени предност пред СДСМ.