Партиски извори брифираат дека се менуваат позициите на политичките партии за оддржување на брзи избори особено кај албанскиот блок.

Министерот за здравство Венко Филипче не можеше да гарантира дека денот на гласањето кога и да биде би бил апсолутно безбеден по здравјето на граѓаните, но сепак власта продолжува да инсистира на избори на почетокот на јули.

Но, се чини СДСМ станува осамена во оваа намера, барем што се однесува до партиите од албанскиот блок. Исклучок е БЕСА, од каде за Алфа потврдиле дека и покрај бројките треба да има избори оти не се знаело како ќе биде во септември.

За разлика од нив од Алтернатива велат дека тие биле за избори во Јули , но доколку продолжи да расте бројот на заболени и починати, тие како партија воопшто и нема да размислуваат за избори, оти најважно им било здравјето на граѓаните. Интегративците денеска ќе заседаваат и ќе ја анализираат ситуацијата, потврдуваат за Алфа.

Партијата на Зијадин Села останува на датумот 26 јули, но велат важен им е консензусот на политичките партии како и почитувањето на препораките на здравствените власти во врска со народното изјаснување. ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваат од своите позиции – дека здравјето на граѓаните е приорите, а не изборите.