Во изминатите 24 часа од направени 727 тестирања, регистрирани се нови 89 нови случаи заразени со КОВИД – 19. Оздравени се 17 пациенти, а бројот на починати лица е седум, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Одо новозаболените, во Скопје се 35, во Куманово 12, во Штип 27, во Прилеп еден, во Тетово седум, во Гостивар еден, Струмица еден, Кочани четворица и Свети Николе еден.

Во ГОБ „8 Септември“ починале шест лица, од кои двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на 73 и 66 годишна возраст и еден од Струга на 44 години и еден од тетово на 65 години.

На Клиниката за инфективни болести починал еден пациент од Тетово на 54 годишна возраст.

Филипче соопшти дека вкупната бројка на дијагоностицирани во државата од почеток на епидемијата е 2.315, оздравени 1.569 лица, додека на починати е 140, додека во моментот активни се 606 случаи.

Вкупно се направени 30.302 теста од почеток на епидемијата, а од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 тестови се во рамки на скринигот на градинките и герантолошките установи во Прилеп ои Скопје, при што се регистрирани три позитивни случаи во Дом за стари лица во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести приемни се двајца пациенти, а вкупно се хоспитализирани 45 и нема пациенти на механичка вентилација. Во „8 Септември“ се примени пет, а вкупно позитивни таму кои се лекуваат се 20, додека на респираторна машина се тројца. Во болницата во Битола се пет хоспитализирани, во штип 15 и во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани вкупно 27 пациенти.

Според Филипче, во однос на кластерите, околу 70 проценти од сите новите случаи се од веќе познати кластери пред се од општините Чаир и Сарај, каде интензивно се работело изминатите денови.

– Денеска веќе во Сарај има само двајца новодијагностицирани, останува интензивна работа во населбата Чаир, рече Филипче, и додаде дека се работи и во Студеничани.

Комисијата за заразни болести ја анализирала состојбата во изминатите две недели по што било заклучено дека и покрај високите бројки на новозаразени, како што рече Филипче, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, а тоа значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика и можат да се лекуваат во домашни услови или еден добар дел се асимтопатски носители


Администратор
02/06/2020 00:30