Комисијата не смееше да дозволи да има политичко влијание во носењето на одлуки за олабавување на рестрикциите, и не само политички туку и бизнис фактори, вели докторот Ненад Лазаров, синоќа во есмисијата „Што не е јасно?“. Тој смета дека комисјата треба да биде во многу попроширен состав со поголем број епидемиолози како и претставник на матичните лекари односно примарото здравство.

-Ни треба комисија во многу поширок состав, освен само директорите на јавните установи. Понатаму, не ми се допаѓа самодовербата на колегата Караџовски, бидејќи ова е пресериозна ситуација и само денеска имавме 7 смртни случаи-па насмевка на лице на здравствен работник е недозволливо ваква ситуација па макар и да е иронија. Комисијата направи грешки што не требаше да се направат.

Според Лазаров не е време за избори, и оти е апсурдно тврдењето дека епидемијата е под контрола.

-Чувствувам дека целиот државен апарат не е фокусиран на справување со оваа сериозна ситуација што ја имаме кога луѓето губат животи. Не мислам дека треба по секоја цена да туркаме избори затоа што државата ни е во криза?! Па драги мои државата ни е во криза откако памтам за себе. Мене не ме плаши изборниот ден, туку изборната кампања оти колку и да велат дека нема да има тет-а-тет средби , всушност ние ги гледаме тие тат- а тет средби секој ден. Нас не ни треба политика, нас ни треба помош и заштита. Апсурдно е тврдењето дека оваа епидемија е под контрола, апсурдно! Ве молам каква е таа контрола над епидемија, ако си ја исконтролиралепидемијата па нема да биде епидемија веќе. Апсурдно е да ние дискутираме за било што друго освен Ковид пандемијата во овој момент. Докторите се само жртва на оваа ситуација што некој друг ја дозволува, вели Лазаров.