Што стори СДСМ три години за Македонија?

СДСМ на граѓаните на Република Македонија донесе хаос, назадување и уништена економија. Македонија не заборава на неостварените ветувања за живот во земјава, за 500 евра просек плата која наместо да се зголемува, таа се намалува. Нема ништо од оние фамозни инвестиции на Facebook, Google, Санос. Нема ништо од 5% раст на БДП.

Македонија не заборава за неправдите. СДСМ правда не донесе како што ветуваше. Македонија не заборава на неправдите со Смилковско езеро, криминалот и корупцијата која е најголема во Европа.

Македонија не заборава на „Рекет 1“, „Рекет 2“.

Поради владата на СДСМ Македонија доби хибриден режим.

Заев станува најголема закана за Европската иднина. Граѓаните на Република Македонија се чувствуваат измамено, со променето име. Сега Заев тргува со најскапоценото историјата, нашето минато, нашиот корен, нашиот јазик, нашето постоење како Македонци.

Се што стори СДСМ, народот не заборава.