Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „КликПлус“ ја искоментира вчерашната ситуација во која тој беше затекнат во ресторан во Дебар Маало. Мицкоски истакна дека е познато кој владее со полицијата, односно се видело вчера кога за неполн час се создал полициски кордон кој дошол да го лови, додека ручал со пријателите.

„Чета на МВР од специјалните единици дојде како во центарот на градот да имаше еден од позначајните светски терористи“, рече Мицкоски