Додека православните верници за втор верски празник живеат во карантин додека за време на празникот Рамазан Бајрам мерките против коронавирусот беа драстично намалени, потретседателот на СДСМ Коста Петров вели дека сите граѓани се еднакви.

Пред законот, сите сме ЕДНАКВИ! Со право се граѓаните гневни! Повторувам, никој не е и нема да биде над законот. Верските заедници нема да диктираат политика во оваа држава!

Ова е секуларна држава. Правилата важат за сите. Верските лидери мора да ги почитуваат правилата како и сите останати. Тие имаат и поголема одговорност затоа што со своите повици директно влијаат на однесувањето на луѓето и повикуваат на непочитување на мерките, вели Петров, притоа јавноста не памети како и на кој начин ги критикуваше одлуките на Владата и на Комисијата за заразни болести да се дозволи за време на Рамазан Бајрам муслимаснките верници да ги посетат џамиите.