Министерот за здравство, Венко Филипче ја споделува лудоста на Зоран Заев.

Се случува тотално фијаско во справување со кризата произлезена од корона вирусот.

Бројката на новозаболени со Ковид- 19 енормно се зголемува од ден на ден, а власта нема никаква стратегија.

Додека луѓе умираат секојдневно од Ковид-19, Филипче и Заев ни велат не умираат. Според нив вирусот слабее.

Заразата се шири со енормна брзина, на ден има по троцифрена бројка на заразени, а Филипче и Заев ни велат ја победиле заразата.

Ако Филипче и Заев велат дека сме ја победиле заразата и дека вирусот слабее, дека се е супер зошто тогаш го држат народот затворен три дена.

Дека требаше масовно тестирање, скриниг пред се на ризичните групи меѓу кои се и здравствените работници покажува и бројката на новозаразени здравствени лица. Од ден на ден има се повеќе заболени со што се десеткува здравствениот кадар, со кој и онака кубуриме поради лагите на Филипче и Заев.

Хоророт со корона вирусот во Македонија продолжува, а во другите, меѓу кои и соседните земји скоро нема ни заболени.

Лудоста на Филипче и Заев мора да запре.