Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео во кое ги посочува претседателот на СДСМ Зоран Заев и Министерот за здравство Венко Филипче како најодговорни лица за ова што во моментов и се случува на Република Македонија пред се со коронавирусот.
- Одговорноста има име: Филипче е виновен! Заев е виновен!
За жал, Македонија е на врвот во регионот по број на смртни случаи и достигнува рекорди во регионот по новозаболени.
Тоа не може да биде новата нормалност, тоа е новата катастрофа за Македонија.
Одговорноста има име.
Филипче е виновен!
Заев е виновен!, вели Николоски.