Откако претседалот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на нервозен и арогантен тон им се обрати на медиумите на денешната прес-конференција и по бројните реакции во јавноста со свој коментар излезе и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски вели дека после денешниот настап потребни се оставки и дека коронавирусот не е игра.
- Наместо партиска, потребна е стручна комисија за заразни болести. Ова не е игра. Доста од партиски диктати, луѓе губат животи. Оставки веднаш!, вели Мицкоски.