Додека Македонија брои рекордни новоинфицирани пациенти со коронавирус и на дневно ниво има неколку смртни случаи а власта најавува дека нема да бара продолжување на вонредната состојба се со цел оддржување на брзи предвремени парламентарни избори, преку својот фејсбук профил реагираше Претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Констатирајќи ја црната корона статистика тој реторички го прашува Претседателот на Македонија Пендаровски, дали се слушаме:
- Велеа дека ја победија Короната, а поради негрижата на Владата на Заев и Спасовски до сега имаме:
⁃ 169 починати;
⁃ 3538 заразени;
⁃ повеќе од 15 илјади граѓани кои се нови невработени и ги загубија работните места;
⁃ сѐ уште непознат број на новозаразени кои допрва ќе се откријат;
А Заев и Владата се фалат дека се е под контрола и се е нормално...
Вонредното го прават редовно, ненормалното нормално.
Претседателе Пендаровски се слушаме!?.., пишува Мицкоски.