Откако Пендаровски одлучи да не ја продолжува вонредната состојба во Република Македонија иако бројките на новозаразени пациенти и починати лица од коронавирус се значително високи, со своја реакција излезе и Претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Тој на својот фејсбук профил го обвини Пендаровски дека продолжувањето на вонредните состојби досега биле само за да и овозможи на власта да прави предизборен поткуп преку Уредби.

Косоварскиот Прецедник Пендаровски тукушто призна, јавно, дека „давал“ вонредна состојба за да се врши ПРЕДИЗБОРЕН ПОТКУП преку уредби со законска сила!? #Фикус2, реагира Апасиев.