Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својот фејсбук профил објави графикон на кој илустративно се прикажани изјавите на Претседателот на СДСМ Зоран Заев, односно кога Македонија броеше многу помалку заболени тој на јавноста и порачуваше да седи дома а сега кога Македонија урива рекордни коронавирус случаеви повикува на избори.
- Математички приказ на бесчувствителноста и забеганоста на Заев. Преку човечки животи во гола борба за власт. Арам да му е!, вели Николоски.