Во време на светска пандемија и голема здравствена и економска криза, наместо реални мерки кои ќе бидат од полза на граѓаните и економијата, министерката Ангеловска води купи ден - продај политика. Илјадници граѓани се засегнати од лошите политики на власта коja креира мерки само за покривање на пи-ар агендата.
За развивање на економијата и заживување на малите бизниси потребни се реални мерки кои драстично ќе ја променат ситуацијата на подобро, а не пакети во вид на поткуп кои Зоран Заев ги дели по одредени категории на граѓани. Граѓаните на Република Македонија имаат потреба од враќање на работните места и остварување на месечните примања кои се неопходни за нормалното секојдневно функционирање.
Голем број на компании не можат да добијат средства со кои би можеле да ги реактивираат капацитетите и да ги вратат вработените на работните места, а Заеви и нивните најблиски соработници делат финансиска помош помеѓу своите фирми. Тоа е класична злоупотреба на буџетот.
Заеви земаат од устите на гладните, од оние на кој им е најпотребно се со цел да го полнат сопствениот џеб. И сето ова кога фирми и компании се затвораат луѓе остануваат без работа во нашата држава.
Ваквото корона профитерство на Заев е доказ дека тој продолжува да се богати на грбот на нашиот народот. Тој е власт кој што ја злоупотребува државата и на најдолен начин ги разграбуваат народните пари.
Кризата за многумина значи загубена работа, а и живот. Само за Заев значи пари. Заради овие сите работи Зоран Заев и СДСМ ќе бидат жестоко поразени од народот.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме Хибриден режим и неспособност, криминал и сиромаштија.