Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека партијата нема да оди на предвремените парламентарни избори ако тие се одржат на 5 јули, или на предложениот 8 јули, а прва можна дата е средината на јули. Тој на прес-конференција ги изнесе деталите во однос на нивните барања за оддржувања, односно посочи дека се потребни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања додаде дека информацииците кои се појавија во јавноста дека ОБСЕ/ОДИХР прифатиле набљудувачка мисија и очекуваат да им биде соопштен датум не се точни односно дека во конкретниот случај се работи за оценувачи но не набљудувачи.
- Тоа не се набљудувачи туку тоа се оценувачи. Тоа е голема разлика, зошто оценувачи затоа што од владата е испратено барање од министерот за надворешни работи е испратено барање да ОБСЕ и ОДИХР испратат набљудувачи за изборите кои што ќе се одржат на 5 јули. Најверојатно ОБСЕ и ОДИХР не се во можност да испратат таква мисија набљудувачи, онаква каква што беше планирана за изборите кои беа одложени на 12 април, и оценува дека ќе испрати кратка мисија од 7 луѓе која што ќе биде мисија која што ќе го оценува изборниот процес, а не која што ќе го набљудува. Конкурсот е отворен и завршува на 16 ти во вторник, и доколку се пријават луѓе кои што се конкурентни тогаш најрано што тие можат да испратат во Македонија според дописот кој што го испратија е 19 јуни, тоа е петок.
Што значи дека 5 и 8 јули не се опција за одржување на изборите. Имајќи го тоа во предвид, имајќи го предвид барањето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ присуството на ОБСЕ и ОДИХР да биде во Македонија ден пред да почне кампањата, овие два датума за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата „За обнова на Македонија“ не се прифатливи.
Доколку продолжат со тактизирање го губиме можноста и 15 јули и средината на јули како датум. Жалам и се извинувам на граѓаните што разговарам за дати во услови кога повторно имаме повеќе од 170 луѓе кои се заразени и неколкумина починати, но треба да ме разберат дека единствен спас, за да ги спасиме од ова што денеска е реалност политичка во нашата држава е само да ги поразиме на избори. Затоа 5 и 8 јули според ова што денеска го кажав не доаѓаат во предвид.
За ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо сето она кое што ќе гарантира основни услови за фер и демократски изборен процес. Присуството на ОБСЕ и ОДИХР во државава таквото нешто го гарантира. Имаме исто така потврда и од претставниците на меѓународната заедница дека и тие директно ќе се вклучат во набљудување на предизборните, изборните активности и активностите на самиот ден на гласање. Доколку сето ова кое што досега е ветено и биде испорачано, тогаш да ценам дека би имале услови и предуслови за изборен процес кој што би бил во согласност со барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Но мора пред да почне кампањата, овие мисии да бидат присутни во Македонија. Врз основа на ова што тие го кажуваат, тие нема да бидат присутни доколку кампањата почне утре, а изборите се случат на 5 јули, бидејќи конкурсот и не е завршен, или доколку кампањата почне во среда а изборите се случат на 8 јули, додаде Мицкоски.