Хрватскиот репрезентативец и член на Интер, Марсело Брозовиќ ја покажа својата хуманост, помагајќи на една Македонка. Преку својот фејсбук профил, Стаменка Менче Трповска го изнесе својот здравствен проблем кој ја мачи подолг период. Тоа е девојка која има проблеми со колкот и поради тоа не може да се движи без помош на помагала.
Во малку подолг пост, девојката ја објасни својата мака и побара помош од хуманите луѓе.
Нејзиниот пост има преку 1.000 споделувања, а вистински потег беше споделувањето на страната на фејсбук на Интер Тифоси Балкан. На оваа страна, веднаш за помош се јави Марсело Брозовиќ. Хрватот кој игра за Интер, преку порака најави дека ги уплатил бараните 3.000 евра кои се потребни за лекарско третирање на 26-годишната девојка од Македонија.
Брозовиќ ги уплатил парите преку познатата интернет страница за донации gofundme.com, каде секако секој добронамерен и хуман може да донира за помош на Стаменка Менче Трповска.
Потребните пари за следната лекарска интервенција на девојката се собрани и се надеваме дека таа повторно ќе може да оди без помош на помагала. Секако Хрватот Брозовиќ е херојот на денот, Браво Марсело!