При денешното обраќање на Бојан Јованоски - Боки 13 пред судот по однос на укинување на мерката притвор до извршување на казната по донесената пресуда за затворска казна, порача дека одлуката е политичка одлука и е донесена поради почетокот на изборната кампања.

-Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, поача Јованоски, по што судот го опомена дека доколку во обраќањето не се држи до барањето за укинување на притвор ќе биде исфрлен од судницата.

Јованоски побара да му биде укината мерката притвор за да може да поднесе кривични пријави до Јавното Обвинителство за докази кои тој ги поседува за кривични дела кои биле извршени, но додаде дека знае дека нема да му биде укината мерката притвор затоа што на судот му било така наредено.

Бојан Јовановски е осуден на 9 години затвор, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, на 7 години затвор за случајот „Рекет“