Починати се шест лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово, соопшти Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни.
Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години.
Во Општата болница Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.