На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти.
Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти од кои на кислородна поддршка се 47 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
До изутрината, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 121 пациент од кои на респираторна машина се седум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.