Во услови на глобална пандемија на коронавирусот ќе одржиме безбедна кампања и 100 проценти безбедно гласање на 15 јули, објави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Тој најавува дека нивната кампања ќе биде без митинзи и големи собири, а сите потенцијално ризични настани ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.

Сите настани, потенцира Заев, ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани www.sdsm.org.mk

-Ги повикуваме сите учесници на парламентарните избори да ги прифатат протоколите за заштита на здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ итно да престане со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните. Чувајте го здравјето и на 15 јули ќе победиме и ќе ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, порачува Заев во објавата на „Фејсбук“