Починати се осум пациенти, двајца од Скопје, двајца од Куманово, двајца од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.
Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57-годишен пациент од Велес.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56 г.) примен на 11 јуни и пациентка (68 г.) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47 г.) примена на 12 јуни и пациентка (59 г.) примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово, пациент (78 г.) примен вчера и пациентка од (47 г.), хоспитализирана на 22 јуни.
Во Општата болница во Битола почина пациент од Кичево (61 г.) хоспитализиран на 21 јуни.
Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-6, Велес-4, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, соопшти Министерството за здравство.