Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи) кој се занимава со анализи и истражувања за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење.
Анкетата е спроведена телефонски во период од 16.06.2020 - 19.06.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.
Според резултатите ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДСМ од 3,1%, односно за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5% од граѓаните додека за владечката СДСМ се определиле 21,4% од гласачите.
Во албанскиот блок на политичките партии, 4,1% се определиле за ДУИ додека со поддршка од 3% кај албанскиот електорат се наоѓа колацијата на Зијадин Села и Африм Гаши.