Сакам да се заблагодарам на European Democrat Students за дадената силна поддршка за претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули. Поддршката од ЕДС е јасна порака дека ВМРО - ДПМНЕ и Унијата на млади сили се европски ориентирани организации коишто активно се залагаат за евро-интеграциите на Република Македонија, посочи Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

- Поддршката е уште еден силен показател и на сите веќе им е јасно дека владеењето на Заеви и на СДСМ е најголемото зло што се има случено во нашата татковина.

Само на овој начин, кога ние младите од Македонија сме сплотени во борбата за подобра и попросперитетна држава и посветла иднина, можеме да го победиме ова зло што надвиснало над Македонија. Поддршката од нашите европски пријатели е голем ветер во грб и мотив да не престанеме со нашата битка, туку напротив, уште посилно да се бориме и да ја обновиме Македонија.

Посебно сакам да се заблагодарам на:

▪️Карло Ангрисано, претседател на European Democrat Students

▪️Андреј Петков, Здружение ,,Бугарија на граѓаните",

▪️Бепе Гелеа од Малта, генерален секретар на European Democrat Students,

▪️Франческо Сисмондини од Италија, Извршен офицер на European Democrat Students,

▪️Карло Колесар, заменик претседател на хрватската академска заедница,

▪️Иван Ботушаров, заменик претседател на EDS,

▪️Manny Janssens од Велика Британија,

▪️Тони Белиг, заменик претседател на EDS,

▪️Родијс Ронис од Латвија,

▪️Едвардс Лукошијус, меѓународен секретар на Young Conservatives League во Литванија,

▪️Стефани Чазими од Белгија

Да живее Македонија!, истакна Јаулески.