ВМРО ДПМНЕ има над три отсто водство, а во пет изборни единици води ВМРО-ДПМНЕ пред коалицијата СДСМ-БЕСА. Само во 6-ка, каде мнозинство е албанското насление води СДСМ-БЕСА преку носителот Билал Касами. Во сите ИЕ каде мнозинство се Македонците, убедливо води ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите од анкетата на БИПС. Анкетата е спроведена телефонски во период од 16.06.2020 - 19.06.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.
ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 24,5%, а СДСМ од 21,4%.
Во пет од шест изборни единици, според најновата анкета, водат пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ пред листите на СДСМ.