Второ несогласување меѓу Комисијата за заразни болести и Владата, првата предложува втората одлучува без да ја слуша. Владата вика согласно препораките на комисијата одлучиле да ги отворат границите без тест и карантин, додека комисијата вели такво нешто не предложила. Очигледен е судирот, но прашањето што се погласно го поставува јавноста е дали претседателот на комисијата Караџовски ќе биде пуштен „низ вода“ за да има виновник за неуспешните одлуки на Владата? Но веднаш потоа се наметнува и прашањето како власта ќе ги оправда своите погрешни чекори во борба против корона вирусот?

Микробиологот Никола Пановски не отстапува од ставот дека наглото олабавување на мерките донесе до експлозија на кривата.

Тој смета дека власта потфрли во справување со кризата уште пред еден месец, кога за тоа имаше услови.

-Политика можеби имаше уште пред еден месец на 26 мај кога нагло се олабавија мерките што не требаше. Според мене трегбаше уште две три недели постепено да се пуштат. Сега ситуацијата е таква, особено во Скопје и Тетово да е болеста проширена и се е оставено на дисциплината и на свестана народот, потенцира Пановски за Алфа.

Претходниот пат кога Владата постапи различно од комисијата беше за големиот муслимански празник Бајрам и за Св. Кирил и Методиј.