Состојбата со здравствениот системво Македонија е поразителна. Поради дисфункционалноста на системот, граѓаните страдаат и се соочени со неквалитетна здравствена услуга. Лекарите и медицинскиот персонал неповратно заминуваат од Македонија, барајќи поквалитетни услови за реализација на својата професионална кариера. Здравството не смее да се сфаќа како област која треба да создава профит само за малкумина, а огромното мнозинство граѓани да биде обесправено. Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого. Ова подразбира оптимизација на здравствениот систем и значителни вложувања за зајакнување на јавното здравство, вложување во кадровска екипираност, инфраструктура, континуирана едукација и пренос на знаење на медицинскиот персонал, воспоставени ефикасни механизми за финансирање на здравствените установи со нови фондови и пакети за осигурување, изработка на професионален здравствен информативен систем и негово спроведување, како и интегриран систем за информатичко комуникациска технологија – Е-здравство.

Приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во здравството ќе бидат стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните, предвидливост и континуитет на работата, како и донесување на Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати:

1. Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и во јавното здравство;

2. Зајакнување на примарното здравство, стоматологијатаи превентивата;

3. Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон поквалитетни услуги за пациентите;

4. Нулта корупција во здравството;

5. Стандардизација на квалитетот на здравствените услуги;

6. Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици.

Оттука, клучни аспекти на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија се: прво, воспоставување на концептот на Здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем. Второ, формирање на тело на Националниот координатор за здравство, кое ќе придонесе за оптимизација на здравствениот третман на пациентите. Трето, модернизација и функционална интеграција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градската општа болница „8 Септември“, модерна универзитетскаклиничка болница во Штип и реконструкција на здравствените центри во целата држава.

За реализацијата на приоритетите за здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе мерки реализирани преку апликативни проекти во сите сфери.

Проект 1:Национална здравствена стратегија и стратегија за млади лекари

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да изготви Национална здравствена стратегија и стратегија за млади лекари која ќе предвиди методологија, правци и начини за поддршка на младите лекари и овозможување нивна достоинствена работа во јавниот здравствен сектор.

Националната стратегија ќе ги дефинира обврските на семејните лекари во нов концепт „мојот лекар се грижи за моето здравје“ како дел од Примарната здравствена заштита (ПЗЗ). Во делот на секундарна здравствена заштита (СЗЗ) предвидуваме регионализација, зајакнување и комплетна интегрална функционалност на сегментот на секундарно здравство.

Во терциерната здравствена заштита (ТЗЗ), стратегијата ќе предвиди реструктурирање и подобрување на функционалноста на ТЗЗ. Стратегијата ќе предвиди и aдекватна и реална проценка на потребите од сите профили на здравствен кадар, заради оптимизација на бројот на студенти и специјализанти во согласност со проценките на Националниот координатор за здравство, а во рамките на националната стратегија за здравство.

Специјализацијата во државна квота ќе биде адекватно планирана споредпотребите на националната стратегија за здравство и на успехот на студентот, а ќе предвиди и континуирана медицинска едукација на специјализантите.

На овој начин, ќе се овозможат гарантирани работни места кои се базираат на реална проценка на потребите од здравствен кадар, како и либерализација на пазарот на труд за здравствените работници со кој ќе се овозможи легална дополнителна дејност, со соодветно даночно обврзување.

Рок: 2021 година.

*ППР