Клучни аспекти на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија во делот на здравството се: Прво, воспоставување на концептот на Здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем. Второ, формирање на тело на Националниот координатор за здравство, кое ќе придонесе за оптимизација на здравствениот третман на пациентите. Трето, модернизација и функционална интеграција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градската општа болница „8 Септември“, модерна универзитетскаклиничка болница во Штип и реконструкција на здравствените центри во целата држава.

Проект 1: Модернизација на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Преку проект за функционално интегрирање, предвидуваме модернизација и реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во рамките на овој проект, предвидуваме модернизација и реконструкција на Градската општа болница „8 СЕПТЕМВРИ“ која ќе функционира како дополнителен клинички центар во Скопје.

Рок: 2025 година.

Буџет: 6 милијарди денари.

Проект 2: Комплетно реновирање на Универзитетската клиника за инфективни болести и фербилни состојби

Ќе извршиме комплетно реновирање на Универзитетската клиника за инфективни болести и фербилни состојби. Реновирањето ќе биде фокусирано на поставување на автоматски систем за повик на пациент во амбулантите, поставување на систем за компримиран воздух и вакум до секоја соба за пациенти, како и реновирање на стационарот и амбулантите. Ќе набавиме и најсовремена медицинска опрема за Клиниката согласно со потребите.

Рок: 2022 година

Буџет: 300 милиони денари

Проект 2: Довршување и развивање на модерна универзитетска Клиничка болница во Штип

Довршување на изградбата, опремување и развивање на нова модерна Клиничка болница во Штип.

Рок: 2022 година.

Буџет: 500 милиони денари.

Проект 3: Развивање и модернизација на универзитетска Клиничка болница во Тетово

Предвидуваме реконструкција, модернизација и интегрирање на Клиничкиот центар во Тетово, кој ќе прерасне во модерна Универзитетска клиничка болница.

Рок: 2024 година.

Буџет: 600 милиони денари

Проект 4: Достапност и развој на здравствените капацитети во сите региони

Предвидуваме рамномерен регионален развој на сите медицински установи од јавното здравство во Македонија, како и интегрирање на амбулантските и болничките капацитети низ земјата во насока на рамномерна здравствена заштита и воедначен квалитет на здравствените услуги.

Рок: 2024 година.

Буџет: 500 милиони денари.

Проект 5: Зголемување на ефективноста и ефикасноста на здравствените институции

Преку процес на интегрирање на здравствените институции на сите нивоа, интегрирање на национална референтна акредитирана лабораторија, надворешна контрола и акредитација во согласност со ЕУ легислативите, како и функционално фузионирање на клиниките во рамките на Клиничкиот центар во Скопје, предвидуваме драстично зголемување на ефективноста и ефикасноста на јавниот здравствен систем.

Рок: 2022 година.

Буџет: 100 милиони денари.

*ППР