На крајот од вториот ден од изборната кампања во пресрет на парламентарните избори, носителот во изборната единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека до него стигнале информации дека неговиот против кандидат и поранешен премиер Зоран Заев се фалел дека „ќе го згазел“ на избори.
Николоски преку својот фејсбук профил му порача на Заев дека на изборите „сигурно“ некој ќе биде згазен поради понижувања, криминал и неправди кои граѓаните ги преживеаја овие три години под негова власт.
- Вчера имав прекрасен ден во Струмица, а денес во Гевгелија, илјадници луѓе очекуваат и ќе донесат обнова на Македонија! Знам дека и Заев знае за тоа. Стига аберот брзо и добар и лош. Заев во напад на паника од извесниот пораз очајно вели дека ќе ме згазел во Струмица. Некој сигурно ќе биде згазен, а тоа нема да сум јас... Она што исто така е сигурно е дека народот ќе го згази Заев на 15ти јули заради сите понижувања, криминал и неправди кои му ги нанесе!, порача Николоски.