СДСМ единствено имаат понуда за стагнација на Република Македонија.
СДСМ имаат стратегија за рекет, криминал и корупција. Целата македонска јавност на дело ги виде Луј Витон куферите полни со милиони евра изрекетирани пари.
Македонската јавност е сведок на “трас трас” корумпираното судство под директна контрола на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ ветува работа и посветеност на проектите во корист на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ ветува зголемување на субвенцијата за традиционалните сточарски гранки, како овчарството за 50%, од сегашните 1000 на 1500 денари по грло добиток. Ветуваме неповратни средства од над 50% за модернизација и набавка на механизација и опрема за примарно производство, подигнување и реконструкција на повеќе годишни овошни насади, набавка на добиток од основно стадо, како и мини млекарници, мали винарски визби и мини погони за преработка на месо.
ВМРО-ДПМНЕ предвидува 20 милиони евра инвестиции годишно во нови водостопански проекти, односно 80 милиони евра за 4 годишен мандат.
СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!