Дел од бизнисмените сметаат дека економската програма на опозициската коалиција за претстојните избори е пореална отколку на онаа предводена од СДСМ. Бизнисменот Горан Рафајловски потенцира дека не може да се ветува нешто што не е реално остварливо.
-Со овој пораст што треба да го доживееме во наредните години, не можат да се остварат поголем дел од мерките што се замислени, но таа разлика е за жал драматично поголема во Социјалдемократскиот сојуз и нивната програма. Во ВМРО ДПМНЕ е постабилна, морам да нагласам нека се лутат кој како сака - не зафаќам страна. Значи, постабилна е во делот на желбите и можностите. Тие параметри односно таа математика ја кројат парите, не можете да поделите нешто што немате, вели Рафајловски.
Според него неопходно е да се стави крај на сивата економија без разлика која влада ќе дојде на власт.
Верувам дека во државна каса тоа може да донесе можеби 25 до 30 посто приходи во наредни 6 години ако се направи тоа, иако тоа боли.