За реализацијата на приоритетите за здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе мерки реализирани преку апликативни проекти во сите сфери.

МЕРКА 4. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ КАПАЦИТЕТИ

Сведоци сме дека голем број од здравствените установи низ Македонија се во многу лоша состојба. Во многу здравствени институции нема елементарни услови за работа. Од ваквата ситуација страдаат и медицинските работници и пациентите.

Проект 1: Реконструкција и модернизација на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје

Рок 2024 година.

Буџет: 1 милијарда денари.

Проект 2: Реконструкција и модернизација на Универзитетска клиника за хируршки болести„Св. НАУМ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Рок: 2024 година.

Буџет: 1 милијарда денари.

Проект 3: Реконструкција на здравствени установи во Македонија

Предвидуваме капитални инвестиции во активности за подобрување на инфраструктурата и во останатите градови во Македонија. Планираме реконструкција на следните болници: Општа болница во Велес,Општа болница во Кичево, Општа болница во Струмица, Општа болница во Струга и Клиничката болница во Битола.

Рок: 2025 година.

Буџет: 1 милијарда денари

Проект 4: Намалување на метежот во Клинички центар „Мајка Тереза“

Во првите 100 дена предвидуваме мерки за намалување на метежот во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Ова ќе се овозможи со преместување на сите здравствени процедури од секундарното здравство кои во моментот се вршат во Клинички центар и преку дигитализација и намалување на потребата од физичко присуство на пациентите. Исто така, предвидуваме и отпочнување на процедура за решавање на паркингот во рамките на кругот на Клиничкиот центар, врз основа на проектирано сообраќајно решение.

Рок: 2022година.

Буџет: 100 милиони денари.

*ППР