Во минатото започнавме со реализација на проекти за градење на модерна и функционална инфраструктура, која придонесе за подобар проток на добра и услуги, а во исто време инфраструктура која го олесни движењето на патниците низ земјата на национално, регионално и локално ниво и ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.Инвестиравме во патната инфраструктура (градење на автопати, магистрални, регионални и локални патишта), железничката инфраструктура (градење и реконструкција на железничките пруги и набавка на нови возови), комуналната инфраструктура (градење на водоводни, атмосферски и фекални канализациски системи во многу населени места низ земјата), авионскиот сообраќај преку субвенционирање на летови, станбена инфраструктура (градење на социјални станови). Истовремено, -претходните влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ работеа на унапредување на катастарот и ставање на ред во урбанизацијата во земјата.

За разлика од напорите на ВМРО-ДПМНЕ да изгради модерна и функционална инфраструктура која ќе биде од интерес на бизнис-секторот и граѓаните, СДСМ во изминатиот период успеа да реализира целосно запирање на сите крупни инфраструктурни проекти, воведоа мораториум за градење во повеќе општини, дополнително ја усложнија градежната регулатива и покажаа историска неспособност во реализирање на капиталните проекти. Да не заборавиме дека тие во својата изборна програма ветуваа изградба на 550 км магистрални и регионални патишта, 600 кмавтопати и експресни патишта и 1000 км локални патишта. Од овие ветувања граѓаните на Македонија не видоа никаква реализација.

И токму затоа, нашата цел и визија е да донесеме обнова на економскиот развој, придвижување на сите застанати проекти на кои ќе им дадеме нов импулс и содржина, а ќе понудиме и сосема нови проекти коишто ќе значат подобрување на квалитетот на живот на македонските граѓани.

МЕРКА 1. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СИТЕ ДРЖАВНИ ПАТИШТА ВО СОГЛАСНОСТ СО СТЕПЕНОТ НА ОШТЕТЕНОСТ НА ПАТОТ И ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА.

Главен приоритет на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде понатамошни инвестиции во патната инфраструктура. Ќе бидат изградени многу нови патни правци во сите региони од земјата. Како клучни проекти во новата програма се:

• Завршување со изградба на автопатот Кичево - Охрид

Буџет: обезбеден.

• Завршување со изградба на првиот дел од 2км и допроектирање и изградба на преостанатиот дел од 11 км од автопатот Скопје-Блаце

Буџет: 6,7 милијарди денари.

• Завршување со изработката на проектна документација за автопат Гостивар - Кичево и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба

Буџет за изградба: 21,5 милијарди денари.

• Завршување со изработката на проектна документација за автопат Требеништа-Струга и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба

Буџет за изградба: 2,7 милијарди денари.

• Изработка на проектна документација за изградба на автопат од Катланово до Велес и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба

Буџет: 8,9 милијарди денари.

• Проширување на патот од Тетово до Гостивар со што би добиле современ автопат

Буџет: 3,7 милијарди денари.

• Изградба на автопат Прилеп-Битола и експресен пат до граничен премин Меџитлија

Буџет: 4,9 милијарди денари.

• Завршување со изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп

• Изработка на нова проектна документација, а потоа и разгледување на можностите за финансирање на изградба на експресен пат од Струмица до Смоквица

• Реконструкција на експресен пат од Струмица до граница со Бугарија

• Изградба на експресен пат од Ранковце до Крива Паланка

Буџет: 4,8 милијарди денари.

• Завршување со изградба на експресен пат Штип-Кочани

Буџет: обезбеден.

• Довршување со изградба на експресен пат Штип-Радовиш

Буџет: обезбеден.

• Разгледување на можноста за поврзување на Македонија со Република Бугарија преку граничниот премин кај Делчево, во рамките на Коридорот 8А, во соработка со Република Бугарија

• Завршување на проектна задача за изградба на регионален пат од с. Извор (Кичево) до Бошков мост (Дебар)

*ППР