Во изјава за медиумите, денес од Прилеп, носителот на листата во изборната единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски јавно го повика неговиот против кандидат да одговори на две едноставни прашања.
- На почеток сме на кампањата а Заев веќе одбегнува да одговори на 2 прашања: . Дали може да го докаже потеклото на своето и богатството на својата фамилија и зошто СДСМ донесе Закон за тутун со кој се дозволува увоз на тутун пред целокупното годишно производство на домашен тутун да биде откупено, праша Николоски.
Воедно тој порача дека како партија се обврзуваат во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ да го променат законот со кој нема кило тутун да се увезе додека не се откупи целокупното домашно производство.
- Да им ставиме крај на криминалците кои заработуваат на грбот на народот. Да ја обновиме Македонија, додаде Николоски.
*ППР